Го отстрани микрофонот и ја напушти емисијата: И аналитирачот Смит застана на страната на кошаркарите (видео)

Кени Смит е еден од четворицата водители на „ТНТ“ телевизијата, каде што работи како аналитичар за НБА-лигата. Како поранешен кошаркар и двократен шампион со Хјустон, Смит одлучи да ги поддржи кошаркарите кои одбиваа ноќеска да излезат на терените и да ги одиграат натпреварите од разигрувањата во знак на протест околу пукањето врз Џејкоб Блејк во Винсконсин.

Штом играчите не играа, тогаш Смит одлучи да го отстрани микрофонот и да ја напушти емисијата, додека Чарлс Баркли, Шекил О’Нил и Берни Џонсон зачудено го гледаа.

„Оваа ситуација навистина е тешка, мислам дека ќе експлодирам. Не знам што е примерно да се каже, можам само да замислам како се чувствуваат играчите. Не разговарав со никого, но мислам дека јас како маж и поранешен кошаркар сакам да ги поддржам играчите и да ја напуштам емисијата вечерва“, истакна Смит, по што стана и си замина од сетот.

Екипите од Лос Анџелес, Лејкерс и Клиперс се единствените кои настојуваат да има нов прекин на разигрувањата, сè додека не се издејствува и не се донесе правда за пукањето на Афроамериканецот Џејкоб Блејк од страна на полицаец во Винсконсин.

- Оглас -

Најнови вести