Ѓоковиќ бара прошка: Не можам да опишам колку ми е жал

Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена се позитивни на ковид-19, потврдија тестовите кои српскиот тенисер ги направи вчера веднаш по враќањето од Задар во Белград. Првиот светски рекет е меѓу заразените тенисери кои настапуваа на „Адрија“ турнејата во Задар, откако првиот случај се потврди кај Григор Димитров.

Ѓоковиќ веќе се изјасни и се извинуваше што неговиот турнир предизвика големи проблеми во тенискиот свет, а сега се огласи и преку социјалните мрежи.

„Здраво на сите – Јас и Јелена се вративме во Белград и тестовите покажаа дека сме позитивни на ковид-19. Децата исто така се тестирани, меѓутоа тие се негативни на вирусот. Ќе останеме 14 дена во самоизолација и ќе ги повториме тестовите за пет дена. Длабоко се извинувам што нашиот турнир донесе штета. Сé што јас и организаторите работевме минатиот месец, беше со чисто срце и искрени намери. Верувавме дека турнирот се држи со сите протоколи и здравјето во нашиот регион беше во добра состојба конечно да не обедини за филантропски причини. Погрешивме, беше премногу рано. Не можам да опишам колку ми е жал поради ова. Доколку присуствувавте на „Адрија“ турнејата или бевте во близина на некој кој присуствувал, ве замолувам да се тестирате и да одржувате социјална дистанца. За оние во Белград и Задар, ќе поделиме здравствена нега и ресурси. Остатокот од турнејата е откажана и ќе останеме фокусирани на сите оние кои се погодени. Се молам за брзо закрепнување на сите“, напиша Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести