Ѓоковиќ денеска брка личен рекорд, огромни се шансите дека ќе го оствари

Новак Ѓоковиќ попладнево игра против Јаник Синер во четвртфиналето на гренслем-турнирот во Вимблдон. Србинот е голем фаворит за победа, а доколку успее да се пласира во полуфиналето, ќе запише еден личен рекорд.

Популарниот Ноле последен пат на Вимблдон загуби во јули 2017 година, кога поради повреда мораше да го предаде мечот против Томас Бердих. Од тој пораз досега Ѓоковиќ има 25 победи по ред на Вимблдон, период во кој освои три титули (2018, 2019, 2021, додека турнирот во 2020 година не се играше поради пандемијата).

Ист биланс од 25 победи во низа Ѓоковиќ има и на Отвореното првенство на Австралија, а доколку успее сега да го победи Синер, ќе стигне до 26-тата победа по ред на еден гренслем-турнир, што ќе биде негов личен рекорд.

Синер еднаш има играно против Србинот, и тоа минатата година, кога загуби со 2:0 во сетови на турнирот во Монако на земјена подлога.

- Оглас -

Најнови вести