Ѓоковиќ: Долга е листата на повреди кои ме мачат, некогаш е потребна помош од Господ и ангелите

Новак Ѓоковиќ е презадоволен што успеа во само три сета да го добие дуелот против Алехандро Давидович Фокина од Шпанија, но за тоа му требаа речиси четири часа. Србинот вели дека многу се намачил, но и дека има проблеми со повредите.

„Беше екстремно тешко поради неколку причини. Не се сеќавам кога последен пат два сета дум играл три часа. Можеби против Надал. Се обидувавме да се надмудруваме. На крајот, многу сум среќен што мечот заврши во три сета. Морам да бидам фер, ова беше меч кој мораше да оди во четврти сет“, вели Ѓоковиќ, кој потенцираше дека има повеќе повреди кои го мачат и ќе му треба голема сила да издржи до крајот на Ролан Гарос.

„Нама доволно време да ги набројувам сите повреди, листата е предолга. Еве, зборуваме за нешто што ме спречува да играм, а јас сум тука и играм. некогаш ви е потребна помош од физиотерапевт, а некогаш од Господ и ангелите. Реалноста е таа дека моето тело реагира поинаку од тоа што било пред неколку години. На крајот, најважно е дека победив“, потенцираше Новак по победата над Алехандро Давидович Фокина од Шпанија.

 

- Оглас -

Најнови вести