Ѓоковиќ донесе одлука и ги натажи неговите фанови

Новак Ѓоковиќ официјално објави дека го откажува учеството на Мастерсот во Мајами. Пред еден месец се најавуваше дека во Мајами ќе играат Ѓоковиќ, Федерер и Надал, со нетрпение се очекуваше спектаклот, но наместо тоа, ниту еден од трите легенди нема да се појави.

„Драги навивачи, жал ми е што мора да објавам дека оваа година нема да патувам во Мајами. Одлучив ова драгоцено време да го искористам седејќи дома со семејството. Кога ќе се земат во предвид сите ограничувања, морам да најдам рамнотежа помеѓу моето време на пат и дома. Едвај чекав да се вратам следната година“ – порача Ѓоковиќ кој нема да загуби многу поени, бидејќи во 2019 година (лани не се одржа турнирот) испадна уште во осминафиналето.

Ѓоковиќ нема играно од победата на Австралијан опен. Следен турнир на кој може да се појави е оној во Монте Карло од 11-ти до 18-ти април на земјена подлога, а веднаш после тоа ќе игра и во Белград.

- Оглас -

Најнови вести