Ѓоковиќ е најопасен откако ќе го загуби првиот сет, и Медведев доби лекција од Србинот

Новак Ѓоковиќ ја освои рекордната 37-ма Мастерс 1000 титула во кариерата, откако денеска во финалето во Париз го совлада Данил Медведев со 4-6, 6-3, 6-3. Русинот пред два месеци го совлада Србинот во финалето на Отвореното првенство на САД, но попладнево триумфираше првиот светски рекет.

Медведев имаше серија од четири сета по ред добиени против Новак со по 6-4, но потоа Ѓоковиќ заигра подобро, и двапати со по 6-3 направи пресврт, за голема победа и 6-4 во меѓусебните дуели против ривалот кој годинава во Париз го освои и „Ролан Гарос“.

Ѓоковиќ со триумфот на убав начин ги прослави трите рекорди: седум години завршени како прв на АТП листата, 37 Мастерси и 6 мастерс титули во Париз.

- Оглас -

Најнови вести