Ѓоковиќ е шампион во Мадрид, лесно го победи Гркот во финалето

Новак Ѓоковиќ е освојувач на Мастерс турнирот во Мадрид откако во финалето без многу проблеми го совлада Стефанос Циципас со 6:3 и 6:4. Новак одично го започна мечот и поведе со 3:0 во гемови, а таа предност ја сочува, па на крајот стигна до 6:3. Во вториот сет се играше многу поизрамнето.

Двајцата тенисери беа успешни на свои сервиси и беше 4:4 кога Ѓоковиќ успеа да направи брејк во деветиот гем, а потоа на свој сервис да ја искористи дури четвртата меч-топка за да се радува на победа по еден час и 32 минути игра.

За Србинот ова е трета титула во Мадрид, повторувајќи ги успесите од 2011 и 2016 година. Со оваа титула Ѓоковиќ се израмни со Надал, па сега и двајцата имаат по 33 титули на Мастерсите.

- Оглас -

Најнови вести