Ѓоковиќ е во полуфиналето, но Гофин освои еден од најлудите поени во историјата на овој гренд слем (Видео)

Новак Ѓоковиќ е првиот полуфиналист на Вимблдон откако без многу проблеми, со 3:0 во сетови го совлада Давид Гофин од Белгија. Светскиот рекет број 1 уште еднаш докажа дека е во одлична форма и не му даде никаква шанса на противникот.

Гофин успеа да парира само во првиот сет. Беше 4:4, Ѓоковиќ го доби својот сервис, а потоа успеа да направи брејк и да поведе со 1:0. Вториот сет беше експресно решен бидејќи Србинот го доби со 6:0. И во третиот, последен сет, Новак поведе со 1:0 во гемови, со што направи низа од девет добиени игри по ред, а Гофин едноставно не можеше да парира. На крајот, Србинот го доби овој сет со 6:2 и крај на мечот за два часа игра.

Иако загуби, Гофин може да се пофали дека го доби најатрактивниот поен на мечот, кој може да се смести меѓу еден од најатрактивните во историјата на турнирот. Во тенисот ретко се гледа тенисерот да го врати топчето со удар меѓу нозе, а речиси никогаш не било направено тоа да биде од двајцата тенисери едно по друго. На крајот, од поенот се радуваше Гофин.

- Оглас -

Најнови вести