Ѓоковиќ експресно го реши Рубљов и обезбеди полуфинале на завршниот мастерс (Видео)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го совлада Андреј Рубљов со 2:0 во сетови, и тоа со 6:4, 6:1 во второто коло од Црвената група на завршниот мастерс во Торино.

На Ѓоковиќ му беа потребни само 67 минути за да ја оствари втората победа во групата и да обезбеди пласман во полуфиналето кое ќе се игра в сабота. Пласман во полуфиналето од Зелената група обезбеди Каспер Руд, кој исто така оствари две победи во првите две кола.

Претходно, Новак го очекува и мечот од последното трето коло во групата против Данил Медведев.

Неизвесен беше само првиот сет, додека во вториот Ѓоковиќ целосно доминираше. Во првиот дел од играта и двајцата сервираа одлично и имаше малку шанси за брејк.

И двајцата тенисери имаа по осум асови во првиот сет, а Ѓоковиќ имаше импресивни 17 од 17 поени на прв сервис. Сепак, во десеттиот гем од првиот сет, Русинот попушти, што Ѓоковиќ го искористи да направи брејк и да поведе со 1:0 во сетови.

На Ѓоковиќ му беа потребни само 32 минути за да го освои вториот сет со убедливи 6:1 и да обезбеди пласман во полуфиналето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести