Ѓоковиќ го сруши рекордот на Надал

Новак Ѓоковиќ постави нов рекорд за тенисери кои се постари од 30 години по бројот на недели поминати на првото место на АТП-листата. Србинот ја започна 69-тата недела како лидер на АТП-листата и го надмина рекордот на Рафаел Надал, кој со 30+ години на челната позиција се има задржано 68 недели.

Ѓоковиќ серијата ја започна откако на 22 мај 2017 година наполни 30 години и уште не го дава првото место на светското рангирање. Трет на оваа листа за „30+“ е Андре Агаси, кој 33 недели поминал како лидер на АТП-листата. Роџер Федерер откако има наполнето 30 години, само 25 недели има поминато како лидер на АТП-листата.

Ноле вкупно 292 недели е лидер на АТП-лисата, а апсолутен рекордер во ова е Федерер, кој на чело на АТП-листата поминал вкупно 310 недели.

 

- Оглас -

Најнови вести