Ѓоковиќ и сопругата Јелена се позитивни на корона-вирус

Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена имаат позитивни тестови на ковид-19, но тенисерот вели дека не чувствува никакви симптоми.

„Веднаш по слетувањето во Белград се тестиравме  и мојот и тестот на Јелена се позитивни, а на децата, за среќа, се негативни“, изјави Ѓоковиќ.

Најдобриот светски тенисер вели дека со чисто срце и искрени намери го организирал турнирот „Адрија“, но ефектот беше лош со неколку позитивни тестови на познатите тенисери што играа во Белград и во Задар.

„Турнирот беше од хуманитарен карактер и сакавме да помогнеме да се гледа врвен тенис во регионот и да поттикнеме младите да играат тенис. Исклучително ми е жал за секој случај на заразени со корона-вирус. Се надевам дека брзо ќе закрепнат сите“ додаде Ѓоковиќ.

Тој ќе остане 14 дена во самоизолација, а ќе има нов тест за пет дена.

- Оглас -

Најнови вести