Ѓоковиќ: Медведев е мојот најтежок противник во моментов, тој е лидер на новата генерација

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, кој во финалето на Мастерсот во Париз го победи Данил Медведев, кажа дека Русинот, кој е второпласиран на АТП ранг-листата, е негов најтежок ривал во моментов.

„Да бев тренер на Медведев, немаше да работам толку напорно со него, хахаха. Се шегувам. Во моментов тој е еден од најдобрите на светот и ако остане здрав, долги години ќе биде на врвот и ќе освои многу турнири. Сигурен сум во тоа“, рече Ѓоковиќ.

Потоа Србинот продолжи да му дава комплименти на Русинот.

„Во моментов, тој е веројатно мојот најголем конкурент и многу е блиску да стане број 1. Медведев е лидер на новата генерација, во неговата игра нема слаби точки“, додаде Новак.

 

- Оглас -

Најнови вести