Ѓоковиќ: Не знам дали и следната година ќе играм на „Ролан Гарос“

На прес-конференцијата после поразот од 19-годишниот Жоао Фонсека во третото коло на „Ролан Гарос“, Новак Ѓоковиќ рече дека не играл лошо, но противникот бил подобар и заслужил победа.

Српскиот тенисер беше прашан и дали ова беше негов последен меч во Париз и ако се покаже дека е, дали би можел да каже дека е задоволен од постигнатото таму, на двете прашања одговори со: „Не знам“, оставајќи ја отворена можноста догодина да не игра на „Ролан Гарос“, нешто што не би им се допаднало на неговите фанови, но тогаш ќе има 40 години и којзнае во каква форма ќе биде.

Останува жалење, разочарување, изгубив многу енергија. Не би рекол дека направив многу лоши работи, но тој беше одличен. Беше подобар во важните моменти. Му честитав и му реков дека заслужува да победи. Играше неверојатно, му посакав среќа. Нивото на тенис што го покажа создава возбуда околу него, а денес видовме зошто. Кој и да игра со мене, мора да ме добие, можам да бидам горд на тоа. Едно е сигурно, таа витешка нишка и борба, тој дух на волк што го носам е секогаш присутен – дури и да играв на една нога, нема да му се предадам лесно на никого. Кога некој ќе ме победи вака, ќе кажам пофалби“, рече меѓу другото Ѓоковиќ, фалејќи го Фонсека.

- Оглас -

Најнови вести