Ѓоковиќ по вкупно 374 недели го отстапува врвот, тенисот добива нов „број 1“

Рускиот тенисер Данил Медведев од утре ќе биде новиот прв светски рекет, а по денешното финале во Хертогенбош ќе се знае дали на првото место ќе стои со 7.950 или со 8.050 бода.

По вкупно 374 недели на врвот, бројка која означува недостижен рекорд, Новак Ѓоковиќ го препушта првото место на АТП-листата, а од утре ќе биде трети зад Александер Зверев со 6.770 бода.

Надал останува на четвртото место со 6.525 бода, додека финалистот од Ролан Гарос, Каспер Руд, скокна за едно место погоре, сега е петти со 5.050 бода.

Од шестата до 10-тата позиција се Циципас, Алкарас, Рублев, Ожер-Алисим и Беретини.

- Оглас -

Најнови вести