Ѓоковиќ прави изненадување пред Вимблдон – Хрват му е нов тренер?

Еден ден пред почетокот на третиот овосезонски Гренд слем, Вимблдон, се појавија шпекулации дека Новак Ѓоковиќ има нов тренер. На социјалнит мрежи се појави една фотографија на која се гледа дека првиот светски рекет тренира со Горан Инванишевиќ, прославениот хрватски тенисер и поранешен освојувач на Отворенот првентсво кое се одржува во Лондон.

Хрватскиот медиум „Јутарњи лист“ пренесува дека Иванишевиќ е дел од тимот на Ѓоковиќ, но засега не е јасно дали оваа соработка е привремена, односно само за Вимблдон, или и по ова првенство Хрватот ќе остане. Истиот извор додаде дека досегашниот тренер Наријан Вајда и натаму ќе биде дел од тимот, со кого Ѓоковиќ го оствари најголемиот успех во кариерата.

Инаку, Ѓоковиќ ќе атакува на петта Вимблдон титула, односно ќе ја брани истата која ја освои лани.

Иванишевиќ по завршувањето на професионалната кариера соработуваше и со Марин Чилиќ, Томас Бердих и Милош Раониќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести