Ѓоковиќ призна дека бил на нудистичка плажа (Видео)

Српските тениски репрезентативци кои играат во Дејвис купот во Инсбрук, одговараа на серија незгодни прашања, а едно од нив нив беше дали некогаш биле на нудистичка плажа.

Сите покажаа дека не биле, само Новак Ѓоковиќ потврди дека бил, и дека тоа не е срамно, туку го смета за природна работа и поврзување со природата.

Оваа снимка покажа и дека „Светскиот рекет број 1“ многу често не одговара на пораките кои ги добива на телефон. Атмосферата во српската селекција е добра, но резултатот не е добар, поразот од Германија може да ги остави без четвртфинале во Дејвис купот.

- Оглас -

Најнови вести