Ѓоковиќ загуби од Беретини, ама само три гејма

Матео Беретини се покажа како недостоен ривал за Новак Ѓоковиќ во првиот меч од завршниот Мастерс турнир на осумте најдобри тенисери на светот, кој се игра во Лондон. Србинот загуби само три гејма во дуелот со Италијанецот, и после ао 63 минути игра славеше со убедливи 6-2, 6-1.

Ѓоковиќ има амбиција да ги добие сите натпревари во Лондон, и да си го врати првото место на АТП листата, на кое уште една недела ќе биде Рафаел Надал. Популарниот Ноле има пет титули на завршните мастерси и оди кон шестка.

Во вториот денешен меч, вечерва третиот носител Роџер Федерер за ривал го има Доминик Тим, и тој меч сигурно ќе биде поинтересен и понеизвесен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести