Ѓоковиќ загуби само три гема, до четвртфинале стигна за 71 минута

Новак Ѓоковиќ во фуриозно издание го растури Алехандро Давидович Фокина со 6-2, 6-1 за пласман во четвртфиналето на Мастерс-турнирот во Рим каде што ја брани титулата. За само 71 минута првиот светски рекет ја реши средбата во која освои осум последователни гема.

Ѓоковиќ беше супериорен против шпанскиот тенисер, по 2-2 во првиот сет влезе во серија во која направи вкупно пет брејка. При водство од 5-0 во вториот сет, Ѓоковиќ испушти три меч-топки, а Фокина му се држеше и во гемот за победа по две спасени топки.

Во четвртфиналето Ѓоковиќ го чека подобриот од дуелот меѓу Беретини и Циципас кој се игра во овие моменти.

- Оглас -

Најнови вести