Ѓоковиќ збесна кога сфати дека е крај, Модриќ му се смееше (Видео)

Хрватска ја победи Србија со 2:1 и КОцкестите се пласираа во финалето на Дејвис купот. Во клучниот меч, хрватскиот дубл беше подобар од српскиот и победи со 2:0 во сетови.

Кај Србите, единствениот бод го освои Новак Ѓоковиќ кој во поединечна конкуренција го победи Марин Чилиќ, но најдобриот тенисер во светот не можеше да донесе комплетен пресврт во конкуренција на двојки.

Кога Хрватите направија брејк во вториот сет, на Ѓоковиќ му стана јасно дека нема шанси за победа, па Србинот луто ја шутна торбата. Мечот во Мадрид го следеше и ѕвездата на Реал, Лука Модриќ, кој со насмевка ја проследи нервозната реакција на Новак. На крајот, Модриќ се радуваше на победата на неговата Хрватска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести