Ѓоковиќ со порака до фановите: Држете ми среќа

Пред само 20-тина дена, Новак Ѓоковиќ стигна до нов трофеј на Вимблдон и сега е само на еден Гренд слем трофеј помалку од рекордерот Рафаел Надал. Србинот се надева дека ќе има шанса до крајот на годината да се израмни со Надал, а тоа значи дека Ѓоковиќ размислува за победа на САД Опен.

Сепак, најголемиот проблем за Ѓоковиќ е неизвесноста околу тоа дали ќе добие дозвола за влез во САД, бидејќи според американските правила, странски државјани не смеат да влезат во земјата ако не се вакцинирани против Коронавирусот. Ѓоковиќ г нема примено вакцините и затоа нема дозвола за влез.

Србинот сепак се надева дека ќе добие специјална дозвола за влез во САД и дека ќе игра на турнирот во Њујорк. Илјадници луѓе дадоа поддршка за Новак дека треба да е дел од САД Опен. Тенисерот вели дека тренира и дека се наоѓа во одлична форма, а е во исчекување на добри вести од САД.

„Многу ми е мило што толку многу луѓе ја поддржуваат мојата кариера и сакаат повторно да ме видат на теренот. Продолжувам да се подготвувам и да тренирам како да треба да играм, додека сум во исчекување на одговорот дали постои некаква шанса да патувам во САД. Ви благодарам и држете ми палци“, се обрати Ѓоковиќ преку социјалните мрежи.

- Оглас -

Најнови вести