Голчиште на Невеш, „Иброкс“ живее за драми, Хаџи е новиот херој на Ренџерс (видео)

Вулверхемптон со една нога се пласира во следната нокаут-фаза откако го совлада Еспањол со убедливи 4-0. Шпанскиот фенерџија се загуби на „Молињу“, а вистински потоп приредија Португалците Жота, со хет-трик, и Невеш.

Жота отвори по 15 минути игра, но за да се решат дилемите, Невеш реализира фантастичен погодок на стартот од второто полувреме. Вистинска бомба упати кон гостинскиот голман откако ја смири топката со гради и ја зафати волеј. Во 67-мата минута Жота со својот втор гол стави точка на мечот.

Во Глазгов се одигра еден од најдраматичните дуели вечерва, Ренџерс и Брага ремизираа при конечни 2-2. На преполниот „Иброкс“ фудбалерите играа пред фантастична атмосфера, а избраниците на Стивен Џерард се спасија од пораз надополнувајќи два гола разлика и воедно го свртеа резултатот во своја корист.

Синот на романската легенда Георге Хаџи, Јанис, постигна два од трите погодоци на домаќините и се претвори во нивен херој. Прво Хаџи стрелаше за 1-2 во 67-мата минута, а само осум минути подоцна Арибо израмни на 2-2.

Во последните 10 минути од мечот, Ренџерс доби прилика да се закани од прекин, а Хаџи шутираше директно и со помош на живиот ѕид стрелаше по вторпат за конечни 3-2 и тотално лудило на „Иброкс“.

Арсенал славеше во Пиреја против Олимпијакос со минимални 1-0 благодарение на погодокот на Александре Лаказет во 81-вата минута, идентично победи и Рома против Гент. Леверкузен беше подобар од Порто со 2-1, Волфсбург се снајде против Малме при конечни 2-1, Базел беше пресилен за АПОЕЛ со 3-0, а реми од 1-1 одиграа Алкмар и Ласк.

https://twitter.com/Footweetsball/status/1230609411586088971

- Оглас -

Најнови вести