Голден стејт извиси во лотаријата, Минесота го доби првиот избор на драфтот

Минесота тимбервулвс ќе ја има честа да го отвори овогодишниот драфт во НБА-лигата со првиот избор. Лотаријата им го додели првиот пик на Вулвс, додека Голден стејт ќе избира веднаш по нив.

Шарлот, Чикаго и Кливленд ги зазедоа топ-5 местата, додека во првата рунда од драфтот Бостон ќе бира три кошаркари од 14-тото, 26-тото и последното 30-то место.

Драфтот ќе се одржи на 16 октомври, а како што е веќе познато, забрането е присуство на публика.

- Оглас -

Најнови вести