Голден стејт повторно без Дурант, но повторно ќе го победи Портланд

Наша прогноза во Полноќниот експрес е дека Голден стејт ќе поведе со 2-0 во западното финале во НБА и дека Бостон со 4-0 ќе ја елиминира Каролина во источното финале на НХЛ.

 

Голден стејт вориорс – Портланд трејлблејзерс (03.00 часот)

Неиграњето на Кевин Дурант само дополнително ги мобилизира останатите играчи на Вориорс да го дадат својот максимум, па затоа овој тим, кој има голем квалитет во играчкиот кадар, повторно е голем фаворит во дуелот со Портланд, за кого и пласманот во финалето на Западот е успех.

Дурант даваше 40 поени на три од последните 11 меча пред да се повреди, не е можно да не се чувствува отсуството на таков играч, но актуелниот првак може да победи и да поведе со 2-0 во конференциското финале. Портланд последен пат триумфирал во Оукленд, во ноември 2013 година.

Предлог тип: 1-1 (1.70)

 

Стеф Кари (Голден стејт вориорс – Портланд трејлблејзерс 03.00 часот)

Бекот на „воините“ е најголемата опасност по кошот на гостите од Портланд. Тој на првиот меч даде 33 поени во воведните три четвртини, со што на својот тим му донесе водство од 1-0. Повторно Кари треба да биде човекот кој најмногу ќе има слобода да шутира, па реално е да се очекува дека ќе има голема минутажа и дека тој повторно ќе оди над границата од 31,5 поени.

Предлог тип: > 31.5 (1.85)

 

Демиен Лилард (Голден стејт вориорс – Портланд трејлблејзерс 03.00 часот)

Најдобриот играч на Портланд потфрли на првата средба во Оукленд, даде скромни 19 поени (беше најефикасен во тимот) и овојпат мора да се вади за тоа лошо издание. Ако Лилард повторно потфрли, Портланд нема шанса да му се закани на шампионот. Веруваме дека Лилард ќе биде многу поефикасен, но тешко дека и со такво издание, без поддршка од колегите може да придонесе за победа.

Предлог тип: > 26.5 (1.80)

 

Клеј Томпсон (Голден стејт вориорс – Портланд трејлблејзерс 03.00 часот)

Томпсон одигра одлично на првиот меч од оваа серија, но типуваме дека овојпат нема да го повтори тоа и нема да даде повеќе од 25 поени. На опасниот шутер ако му тргне, без проблем може да даде и 50 поени, но Портланд ќе биде агресивен во одбраната и нема да дозволи толку лесно Томпсон да им го решета кошот.

Предлог тип: < 24.5 (1.95)

 

Каролина хурикејнс – Бостон бруинс (02.00 часот)

Домашните играат за својата чест, бидејќи тешко е да се поверува дека може да стигнат до големото финале во НХЛ-лигата по негативата од 0-3. Бостон ја има првата меч-топка за пласман во финалето на Стенли купот. За „ураганите“, плејофот завршува тука, бидејќи веќе и психолошки се паднати. Бруинс доби пет од последните шест гостувања и важи за фаворит и вечерва.

Предлог тип: 2 (2.40)

- Оглас -

Најнови вести