Голема трагедија за поранешен соиграч на Пандев – Во карантин му јавија дека му загина девојката

Веста што му го скрши срцето на Рикардо Сентурион пристигна утринава од Ланус, во Аргентина, а неговата девојка Мелоди Пасини загина во сообраќајна несреќа.

Сентурион беше во карантин со соиграчите од Велес Сарсфилд, но веднаш замина за Ломас де Замора, каде што е домот на 25-годишната девојка со која беше во врска четири години.

Мелоди од засега непознати причини загубила контрола над возилото, кое скршнало од патот и се забило во паркиран автомобил.

Рикардо е поранешен соиграч на Горан Пандев и одигра два меча за Џенова во 2017 година. Играше и за Бока јуниорс, за Сао Паоло и за уште неколку познати светски клубови.

Сентурион беше и на поширокиот список од 35 играчи на Аргентина за Мундијалот во Русија пред две години, но потоа во следниот филтер испадна и не настапи на последното Светско првенство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести