Голман даде гол во 95-та минута и му донесе бод на Јуве (Видео)

Во супер интересен меч од италијанскиата Серија Б, екипата на Јуве Стабија се спаси од пораз против Асколи, благодарение на голот на голманот Иван Проведел во 95-та минута.

Асколи водеше со 2-1, во последните секунди гостите имаа последна шанса да останат непоразени, па и голманот Проведел отиде во противничкиот 16-ник. За негова среќа, стана ѕвезда на денот и со глава ја упати топката во мрежата на Асколи. Јуве е во долниот дел на табелата и се бори за избегнување на плеј-аут.

Погледнете го голот на Проведел:

https://www.youtube.com/watch?v=Jz_1hG4jGoI

- Оглас -

Најнови вести