Голманот на У17 репрезентацијата на Ангола, Желсон Дала беше прогласен за најдобар играч на мечот против Мали, во ремито без голови, а отворањето на Африканскиот куп на нации за кадати. Дала имаше шест одбрани и беше најзаслужен што неговата репрезентација остана непоразена.
Сепак, добрите одбрани на голманот на Ангола останаа во втор план, откако на социјалните мрежи се појави фотографија на која Дала ја добива наградата. Фановите на социјалите мрежи едноставно не можеа да веруваат дека Дала има само 16 години.
A complete performance from Gelson Dala earns him the TotalEnergies Man of the Match award. 👏🇦🇴@Football2Gether | #TotalEnergiesAFCONU17 pic.twitter.com/1CyhYslWwF
— CAF Online (@CAF_Online) May 14, 2026
Дала играше за младинскиот тим на Петро де Луанда, и изгледа многу постар од неговата официјално регистрирана возраст од 16 години. Секако, навивачите не им требаше долго време веднаш да почнат да даваат саркастични коментари.
„Дали веќе оќелавил?“, „Се регистрирал во изводот од матичната книга на родените на својот син“, „Најстариот играч до 17 години во светот“, „Можеби мислеле дека игра за тимот до 71 година?“, „Зумирајте ја фотографијата и ќе видите дека има седа коса на главата“, „Овој човек се сеќава и на колонизацијата на Африка“, „Постар е од таткото на Јамало“, „Игра фудбал 16 години“, „Неговата сопруга и деца мора да бидат горди на оваа награда“, се некои од најинтересните коментари за објавата на CAF на Твитер.

