Голманот на Шпанија постави нов рекорд на светските првенства

Шпанија без никакви проблеми се пласираше во осминафиналето на Светското првенство, откако со 3:0 славеше над Австрија во првата нокаут фаза. Црвената фурија имаат три победи и едно реми без голови на овој Мундијал, со што само потврдуваат дека се фаворити за највисок пласман.

Освен добрата игра во нападот, Шпанија потврдува дека има и гранитна одбрана. Голманот Унаи Симон повторно ја сочува својата мрежа незатресена, а тоа беше доволно за да се запише во историјата на Светските првенства. Симон има 520 минути без примен гол, што преставува нов рекорд на Мундијалите.

Досегашниот рекорд беше во сопственост на легендарниот Валтер Ѕенга кој на СП 1990 година дури 517 минути немаше примено гол на СП. Сега Симон го надмина овој подвиг. Низата на шпанскиот репрезентативен голман започна на СП 2022 година со последните 39 минути од дуелот против Јапонија, а потоа вклучувајќи го и мечот од осминафиналето против Мароко, дуел кој траеше 120 минути, вклучувајќи ги и продолженијата.

- Оглас -

Најнови вести