Голот на сезоната беше постигнат на Фиорентина – Интер (Видео)

Фиорентина и Интер го одиграа највозбудливиот меч овој викенд, а на крајот двата тима освоија по еден бод. Мечот во Фиренца заврши 3-3, а домаќините се спасија од пораз со погодок од пенал во 101-вата минута. ВАР-системот одлучи дека Фиорентина треба да добие удар од белата точка, кој беше реализиран.

Сепак, пред голот за реми, Фиорентина го даде можеби најубавиот гол сезонава во Серија А. Дело е на Луис Муриел. Погледнете каква „ракета“ упати играчот на Фиорентина во мрежата на Интер.

 

 

- Оглас -

Најнови вести