Головкин со нокаут го испрати Ролс на спиење (Видео)

Казахстанскиот боксер Генади Головкин, после девет месеци повторно боксуваше и во њујоршки „Медисон сквер гарден“ го нокаутираше Стив Ролс од Канада во четвртата рунда. Головкин пред девет месеци го доживеа првиот пораз во кариерата, загуби од Саул Алварес, но синоќа успеа на досега непоразениот Ролс да му го нанесе првиот пораз.

Канадскиот боксер на отворањето покажа дека е незгоден ривал, во втората рунда двапати жестоко го погоди Головкин, но Казахстанецот доминираше во поголем дел од борбата. Сè беше готово во четвртата рунда, кога популарниот ГГГ тргна во серија удари, а после едно лево кроше, Ролс падна и веќе не можеше да се исправи на нозе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести