Горица не му дозволи на Динамо Загреб уште вечерва да прослави титула

Ремито од 0-0 на гостувањето кај Горица, не беше доволно за Динамо Загреб уште вечерва да ја прослави својата нова титула во хрватското првенство. Загрепчани имаа подготвено шампанско и испечатени шампионски маици кои требаше да ги облечат, но не победија, па ќе мора да се стрпат уште некој ден. Според шансите, вечерва Горица беше поблиску до победа отколку Динамо.

Модрите имаат 20 бода предност на шест кола до крајот, но ако утре Ријека победа, ќе дојде на минус 17 од Динамо, и теоретски, уште ќе биде со шанса.

Вака, Аријан Адеми и другарите ќе мора да чекаат утре Ријека да не победи, или пак следниот викенд дома против Осиек ќе треба да освојат барем бод, за да може да си ја обезбедат титулата.

- Оглас -

Најнови вести