Гостите газеа во Евролигата, Реал доживеа тежок дебакл (Видео)

Гостите газеа во Евролигата вечерва и славеа победи на четири од петте завршени натпревари досега, а најубедлив беше Анадолу Ефес.

Турскиот тим го декласира шпанскиот гигант Реал Мадрид со 108:83, или цели 25 поени разлика и тоа на негов терен. Интересно најефикасен на мечот беше играчот на Реал Мадрид, Томпкинс со 19 поени, но тимската игра и квалитетот што го презентираа гостите им донесе убедлива победа.

Во Белград, Армани Милано ја декласира Црвена Ѕвезда со 93:72, ЦСКА Москва го доби руското дерби камко гостин против Зенит со 86:74, а со двоцифрена разлика и тоа со убедливи 15 поени Басконија го надигра Панатинаикос во Атинасо 97:82.

Честа на домашните екипи ја спаси Жалгирис со триумф од 96:86 во вечер со пет одиграни дуели досега и сите пет со победи со двоцифрана разлика.

Во тек се дуелите меѓу Макаби Тел Авиви Барселона и Баерн со Фенербахче.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести