Готово е: Милан добива нов тренер

Спортскиот директор на Лајпциг, Ралф Рангник, прифати да го преземе кормилото на Милан од следната сезона. Германецот добива тотална контрола на „Сан Сиро“, ќе биде одговорен за тимот, трансферите и развојот на академијата, што значи дека Паоло Малдини ќе има друга улога во клубот.

Рангник ќе го замени Стефано Пиоли, кој пак не успеа да ја сочува работата иако Росонерите влегоа во добра форма по продолжувањето на сезоната. Тимот е без пораз и се наметна во трката за пласман во Лигата на Европа на осум кола до крајот на сезоната.

Што се однесува за Малдини, претседателот Иван Газидис му понудил функција на амбасадор на клубот, но засега е неизвесно дали легендата ќе прифати.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести