Граѓаните барем двапати ќе ја затресат мрежата на Тотенхем, Реал ќе го освои Виго

Манчестер сити – Тотенхем (18:30ч – Премиер лига, второ коло)

Англискиот шампионат „части“ супер-интересено дерби и во второто коло. На „Етихад“ гостува актуелниот европски вицепрвак Тотенхем, кој што ќе има тешка задача да освои бодови домот на владетелот на Премиер лигата, Манчестер сити.

Беспрекорниот старт на Граѓаните против Вест хем, ја потврдува фаворитската улога во трката за шампионската титула, а се очекува уште едно блескаво издание на избраниците на Пеп Гвардиола. Во нивен прилог оди и меѓусебниот учинок против Петлите, добија четири од последните пет меча во сите натпреварувања, а токму последната средба се играше во Манчестер која заврши со 1-0. Денес се очекува од екипите да бидат поефикасни, а Сити најмалку двапати ќе го најде патот до мрежата на Лорис.

Предлог тип: Т12+ & ГГ (2.40)

 

Саутхемптон – Ливерпул (16ч – Премиер лига, второ коло)

Ливерпул повторно ќе биде најголемиот ривал на Сити во трката за титулата, тоа го покажаа Црвените во доминантниот триумф над Норич во првото коло. Но, денешното гостување во Саутхемпон ќе биде тежок предизвик за избраниците на Јирген Клоп, поради фактот што на голот Ливерпул ќе нема адекватен голман. Повредени се Алисон и Адријан, па се очекува деби на анонимецот Лонерган.

Но, предност за Црвените е тоа што имаат одличен учинок против Светците во последните неколку натпревари. Бројат четири последователни победи на кои во просек постигнале по три гола.

Предлог тип: Т2 1+I & 1+II (2.15)

 

Борусија Дортмунд – Аугзбург (15:30ч – Бундеслига, прво коло)

Милионерите уште по првото коло може да направат бодовна разлика во однос на шампионот Баерн Минхен, кој вчера ремизираше со Херта. Секако, за тоа ќе биде потребна победа над Аугзбруг, а знаејќи колку Дортмунд се засили во текот на летото, убедлив триумф е нешто што се очекува од нив. Фудбалерите на Лусиен Фавр имаа перфектни подготовки, а на стартот на сезоната го освоија трофејот во германскиот Суперкуп, што треба да донесе мотивација за остварување на резултати во иднина.

Аугзбург ја доби последната пресметка против Дортмунд со минимални 1-0, но триумф на „Сигнал Идуна парк“ не паметат од февруари 2015 година. Во корист на Дортмунд е тоа што реализирале барем еден гол во девет последователни дуели против Аугзбург.

Предлог тип: T1 1+I & Т1 3+ (2.20)

 

Борусија Менхенгладбах – Шалке 04 (18:30ч – Бундеслига, прво коло)

Ова е еден од позапазените дуели во првото коло на германскиот шампионат. Се очекува интересна пресметка во која ќе има погодоци и на двете страни. Менхенгладбах и Шалке ретко кога разочаруваат во тој сегмент, а знаејќи дека е старт на сезоната, нормално е да се очекува ефикасен натпревар.

Минатата сезона Менхенгладбах оствари двојна победа над тимот од Гелзенкирхен, а Шалке повеќе од четири години се обидува да се израдува против оваа екипа.

Предлог тип: ГГ3+ (2.03)

 

Селта Виго – Реал Мадрид (17ч – Ла Лига, прво коло)

Зинедин Зидан на стартот од сезоната во Шпанија не може да смета на четири од петте големи засилувања кои дојдоа на „Сантијаго Бернабеу“ ова лето. Повредени се Азар, Родриго, Јовиќ и Менди, а деби во кралскиот дрес може да се очекува од Едер Милитао. Сепак, и без новите „галактикоси“ Реал треба да ги освои бодовите на „Балаидос“ за да покаже дека ги надминаа лошите претсезонски подготовки.

Реал триумфираше во девет од последните 10 првенствени средби против екипата од Виго, при тоа ниту една победа не била со минимален резултат. Голови треба да се очекуваат, а Реал во голем стил да тргне кон освојување на врвот во Шпанија.

Предлог тип: 2 & 3+ (2.40)

- Оглас -

Најнови вести