Гранде е италијанската катедра за фудбал на професорот Пандев

Горан Пандев повторно ја маѓепса Чизмата со нов брилијантен настап на стартот од 17-тата сезона во Серија А за него, а иако веќе е ветеран на 37-годишна возраст, повторно држеше час по фудбал против Кротоне.

Головите му се несекојдневни, сега од магичната торба со фудбалски вештини го извади велемајсторскиот удар со лоб што го прескокна голманот на Кротоне, а имаше уште дузина магични потези на премиерата во новото Калчо издание.

Човекот е феномен, со неповторлива авантура на Чизмата што трае скоро две децении, исполнета со многу успеси, минат и сегашен труд, со титули, голови, асистенции, екстра квалитет и фудбалска магија.

Што е најважно, капитенот на македонската репрезентација е скромен човек, вистински модел за фудбалер и идол на многу наши генерации и не само наши играчи.

Професор за играта што е убедливо најпопуларна во сите делови од светот, редок примерок на светски познат ас од мала земја каква што е Македонија.

Со нетрпение го очекуваме во Скопје на 8 октомври за дуелот со Косово. Со нови магични потези од италијанската катедра на фудбалот да го предводи националниот тим до големото финале во Лигата на нациите, па потоа и до историски успех против Грузија или Белорусија и прв пласман на Европско првенство на нашиот фудбалски сениорски тим.

ЃАВОЛСКО КОЛО ВО АНГЛИЈА – ПАДНА ЈУНАЈТЕД, НО ПАДНАА И ТРИ СЕДМИЦИ

Поразот на најтрофејниот англиски клуб Манчестер јунајтед од Кристал палас спаѓа во редот на првокласните фудбалски сензации, но уште поголемо изненадување беа трите седмици во Ливерпул, Лидс и Саутхемптон.

Кој ги предвиде и ги изигра, ако има таков јунак, секоја чест, коефициентот топтан е од вртоглавите височини и изнесува речиси 27.000.

Или на нашки, со обложувачки речник, за скромно дваесче, добивката е околу 10.000 евра. Искрено на вашиот селектор ни на сон не му дојде вакво сценарио, особено не на мечевите на тврди екипи какви што обично се Евертон, Тотенхем, ВБА, па и Фулам и Саутхемптон.

Лидс, за кого веќе дебитираше и Езџан Алиоски, е надвор од тоа друштво, а лудата дружина на Марсело Бјелса уште на стартот на првенството против Ливерпул покажа дека нивните мечеви ќе бидат исклучително возбудливи и со многу голови.

Некаде во тој расположение беа и Германците, особено во саботните дуели, таму веќе има и публика на стадионите, па очекуваме да има уште спектакуларни мечеви во две од најдобрите пет првенства во Европа.

Иако има доста време до следниот викенд, имајте ги на ум за голови ултраефикасниот Лидс, баварската машинерија за погодоци Баерн, новокомпонираниот Евертон, разиграната Херта под палката на Бруно Лабадија, потоа и секогаш атрактивните и ефикасни Лајпциг, Хофенхајм, детската градинка на Борусија Дортмунд што нема милост кон ривалите….

Уште некој сигурен фикс и ширум е отворен патот кон добивки. Дотогаш не ја заборавајте седмицата што почнува денеска, а веќе од утре во понудата во Sport Life ќе ги има и квалификациските мечеви од Лигата на шампионите и Лигата на Европа, со многу фудбал од сите континенти, НБА-плејоф кошарка, НХЛ-финале за пехарот во Стенли купот, врвен тенис, НФЛ, Формула 1….

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести