Греем ја почна кариерата со четиригодишен пост без гол, вечерва постигна пет за Шамрок роверс

Греем Бурк долго постеше на почетокот на кариерата како професионален фудбалер, но вечерва блескаше со пет гола за Шамрок роверс во победата од 6:0 против Корк Сити во меч од Премиерлигата на Република Ирска.

Напаѓачот ја почна кариерата во Астон Вила, каде за две години од 2011 до 2013 воопшто и не настапи, па беше позајмен во Шрузбери, клуб за кој одигра само три меча од 2013 година во следните две сезони и не успеа да постигне гол.

Првенецот му беше во Нотс Каунти, каде повторно играше како позџајмен фудбалер од Астон Вила. И сега има интересен статус, бидејќи повторно е на позајмица во Шамрок роверс, а е играч на англискиот Престон.

По вечерашнава блескава партѕија фудбал и петте голови, што е подвиг за почит веријатно и челниците на Претсон ќе размислат за Греем Бурк и негово враќа во летниот преоден рок.

Напаѓачот кој има 26 години има и два настапи за репрезентацијат на Република Ирска.

- Оглас -

Најнови вести