Гриезман и Калиниќ го разбија малерот

Атлетико Мадрид го совлада Алавес со 3:0 во првиот денешен дуел од шпанската Примера, и „јорганџиите“ се изедначија со Барселона на чело на табелата, со тоа што каталонците вечерва имаат градско дерби со Еспањол. Стрелци на головите беа Калиниќ, Гриезман и Родриго.

Ова беше своевидно дерби, бидејќи Алавес е четврти на табелата и најпријатно изненадување сезонава во шпанската клупска елита. За Атлетико заврши серијата од четири меча по ред без даден гол во прво полувреме од натпреварите. Хрватот Никола Калиниќ го даде својот прв гол во шпанското првенство.

Антоан Гриезман за првпат во кариерата постигна гол во меч против Алавес, а ова му беше четврто соочување со клубот од Виторија. Тој нема дадено гол само против Мајорка и неговиот сегашен клуб Атлетико Мадрид (порано играше за Реал Сосиедад и на осум меча со Атлетико не ја затресе мрежата)

- Оглас -

Најнови вести