Гриезман не планира брзо да си замине од Лисабон: Го зедов и „плејстејшнот“

Барселона се наоѓа пред најтешкиот предизвик за оваа сезона. Каталонците наидоа на Баерн Минхен во четвртфиналето од Лигата на шампионите и ќе треба да одиграат на високо ниво, во спротивно краток ќе им биде престојот во Лисабон.

Гриезман, кој е еден од адутите на Кике Сетјен, е самоуверен дека Барса ќе остане подолго во португалската престолнина.

„Баерн е моќен тим кој знае да биде опасен на повеќе начини, додека пак ние преферираме да ја држиме топката и да диктираме темпо. Нема сомнежи дека ќе биде тежок дуелот, но ние не дојдовме на еден ден. Кога се пакував пред патот за Лисабон, со мене го зедов и ’плејстејшнот’, верувам дека ќе бидеме тука до крајот на турнирот“, истакна Гриезман.

Големото дерби е закажано во 21 часот.

- Оглас -

Најнови вести