Гриезман објасни зошто секогаш игра во дрес со долги ракави

Антоан Гриезман кој стана нов член на Барселона, во новиот клуб најверојатно ќе го носи дресот со бројот 7 кој му е омилен, а околу бројот 7 и Гриезман, поврзана е уште една работа. Францускиот напаѓач секогаш носи дрес со долги ракави и тоа затоа што истото го правел и неговиот идол кој истотака носеше седумка на грбот во голем дел од кариерата.

„Долгите ракави ги носам поради Дејвид Бекам. Тој играше така, и беше мој идол. Бекам беше господин на терен, но и надвор од него, затоа посебно ми се допаѓа“ – објасни Гриезман кој утре ќе биде претставен на „Камп Ноу“, но без присуство на публика, затоа што на стадионот се вршат градежни активности.

Во минатата сезона, седумката во Барса му припаѓаше на Кутињо, но Бразилецот кој беше најскапо засилување во историјата на каталонците, ќе биде продаден летово.

 

- Оглас -

Најнови вести