Гризман ќе игра втора сезона за Атлетико како позајмен играч и има интересна клазула

Антоан Гризман ќе игра и втора сезона по ред за Атлетико Мадрид како позајмен играч од Барселона, но сега клубот од Мадрид ќе мора да го откупи неговиот договор за 40 милиони евра под еден услов.

Договорено е ако францускиот репрезентативец одигра над 50 отсто од натпреварите за Атлетико идната сезона, тогаш автоматски ќе се активира откупната клаузула и Јорганџиите ќе платат 40 милиони евра за тој да остане со договор како постојан играч на клубот.

https://twitter.com/AntoGriezmann/status/1542213991887519744?s=20&t=0cpHqsM-KzFD8fZRznzlig

Приказната за Гризман е интересна откако од 2014 до 2019 година играше прекрасно за Атлетико Мадрид и на 180 натпревари постигна 94 гола, па се пресели во Барселона.

Каталонците платија огромна сума од 120 милиони евра и потпишаа петгодишен договор со Гризман и само по две сезони го вратија во Атлетико Мадрид како позајмен играч.

 

- Оглас -

Најнови вести