Грогиран боксер се бореше со „дух“, па сега е во индуцирана кома (Видео)

Јужноафриканскиот боксер Симисо Бутелези за време на 10-тата рунда во борбата против сонародникот Сифесил Мнтунгва сосема се загуби во рингот и почна да боксува против замислен противник.

Мнтунгва беше на една страна, а Бутелези удираше во празно на сосема друга страна, па судијата ја прекина борбата. По ова грогираниот Бутелези беше пренесен во болница и ставен е во индуцирана кома.

Чудно е како Бутелези толку се загуби бидејќи велат дека не примал силни удари во главата, а и само неколку секунди претходно делуваше дека е подобар противник и го исфрли соперникот речиси надвор од рингот.

- Оглас -

Најнови вести