Грција со гранитна одбрана направи чудо и ќе игра во финалето

Ватерполо репрезентацијата на Грција го постигна најголемиот успех на Олимписките игри откако обезбеди место во финалето. Со фантастична игра во одбраната, Грција со 9:6 ја победи фаворизираната Унгарија и првпат ќе игра во меч за злато на ЛОИ.

Претходниот најголем успех на Грците беше четвртото место од ЛОИ во 2004 година, кога беа домаќини, а сега сигурно имаат најмалку средби. Противник во финалето ќе им биде подобриот од мечот меѓу Србија и Шпанија.

Уште од самиот старт, Грците покажаа дека се решени да играат во финалето. Поведоа со 2:0, а Унгарија првиот гол го даде во последните секунди од првата четвртина. Во текот на целиот меч Грците имаа контрола на резултатот и во ниту еден момент не му дозволија на противникот да поведе.

Унгарија стигна до 5:5, но тогаш Грците заиграа најдобро. Со серија од 4:1 во последната четвртина ги решија сите дилеми околу победникот. Одбраната на Грција беше гранитна и овој нивен ватерполо успех асоцира на златниот подвиг што го направија на фудбалското Европско првенство во 2004 година.

 

- Оглас -

Најнови вести