Грците моќни само кога Јанис е на паркетот, Србија го освои Акрополис купот

Кошаркарската селекција на Србија го освои Акрополис, пријателскиот куп кој се одржа во Атина, против домаќинот Грција со конечен резултат од 85:80. Грците предводени од најкорисниот играч во НБА-лигата за минатата сезона, Јанис Адетокумбо, беа многу блиску до триумфот, но во завршницата избраниците на Александар Ѓорѓевиќ, кои на овој меч беа без Никола Јокиќ, ја анулираа нивната предност, па преку продолженија дојдоа до посакуваната победа.

Домаќините уште од стартот на средбата ја презедоа контролата и цело време беа во резултатска предност. Клучна беше седмата минута од последната четвртина. Србија за првпат поведе со серијата поени на Бјелица во моменти кога Адетокумбо беше на клупата. Грците израмнија на 72-72 со тројката на Танасис во последните дваесетина секунди, а Србија не го искористи последниот напад да дојде до победа, по што мечот се одлучи во продолжението од пет минути, кое гостите го добија со 13-8.

Третото место во пријателскиот турнир го освои Турција по победата над Италија со минимални 72:70.

Двете селекции полека ги завршуваат подготовките за Мундобаскетот, кој ќе се одржи во Кина од 31 август до 15 септември.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести