За групата Д на СП 2026 се вели дека е најизбалансираната на првенството. Тука се домаќинот САД, Турција, Парагвај и Австралија. Вака на прв поглед, веројатно секој може да победи секого.

Американците и Турците се благи фаворити за првите две позиции, а квотите во Sport Life за победник на групата се блиски како во ниедна друга.

Пулишиќ е главната ѕвезда и лидер во тимот на САД, но резултатите нема да зависат само од него. Селекторот Покетино на располагање има и други играчи со искуство од играње во топ 5 лигите во Европа, а и домашниот терен е голем плус за нив и катастрофа би било ако не влезат во нокаут-фазата. Такво нешто носи квота 6.00.

Турците по 24 години се враќаат на Мундијал, а имаат сериозен тим со квалитетни млади играчи како Ѓулер, Јилдиз и Узун Џан, поткрепени од искусните Чалханоглу, Актуркоглу, Челик и останатите. Многу е веројатно на 25 јуни, кога ќе се игра последното коло од групата, дербито САД – Турција да решава кој оди понатаму или кој ќе биде прв. Но, ако Парагвај или Австралија изненадат некого во првото коло, тогаш секакви опции се во игра.

Австралија игра петто СП по ред, дојдоа до осминафинале на претходното првенство, а повторување на тој резултат би бил надминување на очекувањата од нив бидејќи сега треба да се помине група, па да се игра и 16-финале. Популарните Сокероси немаат некои големи ѕвезди, но тие знаат да бидат тврд орев за фаворитите.

Парагвај нема играно на СП уште од 2010, а нивната сила е одбраната. Парагвај во квалификациите за СП, на 18 меча прими само 10 гола. Но, и даде скромни 14 гола, со што беа најнеефикасен тим во јужноамериканските квалификации. Имаат неколку играчи од Премиер лигата и ако ја победат Австралија, би можеле да се пробијат до нокаут-фазата.


