Грузија, Италија, Чешка и Германија се ко-домаќини на Евробаскетот 2021

Грузија, Италија, Чешка и Германија ќе бидат ко-домаќините на Европското првенство во кошарка во 2021 година. Оваа одлука се донесе денес на свечената церемонија која се одржа во Минхен.

Од вкупно седум кандидати кои конкурираа за домаќинство, ФИБА одлучи да ги израдува Грузијците кои за првпат ќе ја имаат оваа чест, на Чесите ќе им биде вторпат, додека Италија и Германија во три наврати досега биле самостојни домаќини. Во конкуриренцијата за домаќинство беа уште Унгарија, Естонија и актуелниот европски првак Словенија.

Групната фаза ќе се игра во сите четири земји, а нокаут фазата ќе продолжи во Германија.

На тоа првенство можеби ќе се појави и македонскиот национален тим кој ќе учествува во квалификациите, откако не успеа да се најде меѓу најдобрите во 2017. Квалификациите почнуваат во февруари следната година. Тимот на селекторот Јорданчо Давитков ќе биде меѓу оние 32 селекции кои ќе разигруваат за 24-те места.

- Оглас -

Најнови вести