Гвардиола на играчите ќе им го препушти носењето на една важна одлука

Откако Винсан Компани си замина од Манчестер сити, почнаа разни нагаѓања кој ќе ја носи капитенската лента во англискиот првак, а тренерот Пеп Гвардиола рече дека играчите сами ќе одберат кој да биде капитен на тимот и нема да им се меша во одлуката.

Вчера Давид Силва ја носеше лентата, но некои од главните играчи на Сити не настапија, па неизвесноста ќе потрае.

„Кога ќе бидеме комплетни и кога сите ќе се приклучат по одморите, ќе се избере капитенот. Играчите ќе го одредат капитенот“, рече Гвардиола.

 

- Оглас -

Најнови вести