Гвардиола: Ние сме заслужни за овој успех на Ливерпул

Манчестер сити денеска го очекува дерби гостување кај Арсенал. Граѓаните мора да бркаат три бода ако сакаат да ги задржат минималните шанси во трката за титула со Ливерпул. Сити веќе заостанува 17 бода зад гигантот од „Енфилд роуд“, што е прекногу за оваа фаза од сезоната.

Ливерпул игра речиси безгрешно и досега освои 49 од можните 51 поени сезонава. Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола вели дека токму неговиот тим има голема заслуга за тоа што сега го прави Ливерпул.

„Кога започнавме во 2016 година, стандардот за да се освои титулата беше 85 поени.Сега треба да освоиш 100 поени за да бидеш шампион. Ние му помогнавме на Ливерпул да го направи тој значаен чекор, да купат неверојатни играчи, па сега ние сме тие што треба да го бркаме нивното темпо. Во претходните 11 години ниту еден тим ја немаше освоено титулата два пати по ред, а ние успеавме во тоа, откако победивме на 14 меча по ред. Секако дека сакам да сме поблиску до Ливерпул, но сепак не смееме да бидеме разочарани и да заборавиме за тоа што го имаме направено во претходниот период“, вели Гвардиола.

Сити има пет победи по ред во последните пет меча со Арсенал и Граѓаните се надеваат дека и денеска ќе продолжат со таа низа, иако играат во Лондон.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести