Гвардиола остана без ’рбетот на екипата

Манчестер сити тргна со сигурна победа од 3-1 против Порто во првото коло од групната фаза во ЛШ, но Граѓаните скапо ја платија победата на „Етихад“. Пеп Гвардиола потврди дека ’рбетот на екипата, искусниот Фернандињо, ја обновил повредата на ногата и го чека подолга пауза.

Бразилскиот играч за врска влезе во игра во 85-тата минута, но набрзо потоа се здоби со повредата и не можеше да го доигра мечот. Го очекува пауза од четири до шест недели.

„Лоши се вестите околу повредата на Фернандињо. Ја обнови повредата од порано, го чека долга пауза“, тажно изјави Гвардиола по мечот.

Искусниот 35-годишен Фернандињо веќе неколку години е клучна алка во составот на Граѓаните, но сега се приклучи на листата повредени, каде што веќе се Де Бројне, Габриел Жесус, Лапорте и Менди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести