Гвардиола: Покажавме зошто сме прваци, а за пеналите прашајте ги тие во ВАР-собата

Манчестер сити го продолжи проклетството и повеќе од 16 години не може да победи на „Енфилд роуд“. Граѓаните загубија со 3:1 од Ливерпул, но гостите имаа многу забелешки на судењето. Според тренерот на Сити, Пеп Гвардиола, во две ситуации имало кога домашен играч топката ја удрил со рака во шеснаесетникот.

„Прашајте ги судиите, немојте да ме прашувате мене. Прашајте го Мајк Рајли и другите судии кои беа во ВАР-собата. Јас сакам да зборувам за нашата игра. Денеска покажавме зошто сме прваци. Горд сум на мојот тим повеќе од кога било претходно. Ние никогаш не се откажуваме, секогаш се трудиме да се подобруваме. Остануваме во трката за прваци и ќе се бориме до крај“, рече Гвардиола по дербито со Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести