Гвардиола сака да се извади за неуспехот: Потешко е да се освои Премиер лигата отколку Лигата на шампионите

Манчестер сити со победа утре над Астон Вила ќе ја одбрани титулата во Премиер лигата.

Пеп Гвардиола уште една сезона не успеа со Манчестер сити да дојде до титулата во Лигата на шампионите откако на шокантен начин беа елиминирани од Реал Мадрид.

Шпанецот на прес конференција говореше, односно проба да се извади за новиот неуспех.

„Освојувањето на Премиер лигата е многу потешко од Лигата на шампионите. Има 38 натпревари, многу повреди, многу напнатост, добри и лоши денови и многу други работи.

Не велам дека Лигата на шампионите нè е важна, но сметам дека е потешко да се освои титула во Премиер лигата“ изјави Гвардиола.

Во Премиер лигата Пеп има три титули, додека во Лигата на шампионите има исто така три а последната му беше пред 11 години.

- Оглас -

Најнови вести