Хајдук точно пред 29 години ја шокираше моќната Ѕвезда во последниот Куп на СФРЈ (Видео)

Сплитскиот Хајдук пред 29 години ја извојува својата можеби и најважна победа во клупската историја, на 8 мај 1991 во Белград, само пред 7.000 гледачи ја изненади Црвена ѕвезда со 1-0, со гол на Ален Бокшиќ, и тоа беше последно издание на Купот на поранешна СФР Југославија.

За Хрватите оваа фудбалска победа беше одмазда за она што се случи неколку дена претходно, кога беа убиени 12 хрватски полицајци и практично почна војната и распадот на Југославија. Хајдук играше со црни ленти на ракавите на дресовите, ја бојкотираа химната, па пехарот тежок 17 килограми, кој им го предаде Васил Тупурковски како член на претседателството на Југославија, за нив е и своевиден воен трофеј.

Ѕвезда беше многу силна, три недели по овој меч играше финале на Купот на европските шампиони и го доби против Олимпик Марсеј, а Хајдук имаше млад тим во кој еден од најискусните беше нашиот дефанзивец Драги Сетинов. Затоа оваа победа на сплитските Били е незаборавна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести